6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИL'Oréal сака да го продаде Body Shop за милијарда евра

L’Oréal сака да го продаде Body Shop за милијарда евра

diapo3vuk

Францускиот козметички гигант L’Oreal ги истражува можностите за продажба на својата деловна единица Body Shop за милијарда евра.

Британски Financial Times, повикувајќи се на два извора блиски до француската компанија, наведува дека L’Oreal работи со банкарите во француската консултантска куќа Lazard во барањето опции за таа деловна единица, а нејзината целосна продажба е меѓу најверојатните решенија.

Агенцијата France-presse соопшти дека ги контактирала обете компании, но и од двете места не дале коментар.

Според податоците објавени на интернет страницата на Body Shop, оваа фирма која во 1976 година ја основаше Анита Родерик во Велика Британија, има повеќе од 3.000 продавници во 66 земји од светот.

L’Oreal ја презема англиската компанија во 2006 година за 652 милиони британски фунти, односно за тогашни 940 милиони евра.

L’Oreal во четврток треба да ги објави годишните резултати од работењето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП