3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГазпром ќе го зголеми капиталот во „Nord Stream 2“

Газпром ќе го зголеми капиталот во „Nord Stream 2“

nord stream35339

Руската гасна компанија „Газпром“ одлучила да го зголеми капиталот на филијалата „Nord Stream 2“ – проект на компанијата за продолжување на „Северен поток“, соопштува „Коммерсант“.

Со одлука на Одборот на директори на „Газпром“, капиталот се зголемува до 1,425 милијарди евра.

Весникот потсетува дека „Газпром“ се подготвува да потроши 111 милијарди рубљи (речиси 1,8 милијарди евра) во 2017-та година за реализација на новиот гасовод. Тоа е речиси два пати повеќе од првичните планови и според „Коммерсант“ е знак дека компанијата воопшто не очекува учество на европските енергетски компании во проектот.

Проектната компанија „Nord Stream 2“ требаше да биде заедничка сопственост меѓу „Газпром“ (50%) и уште пет европски компании со еднакви удели – „Shell“, „Engie“, „E.on“, „OMV“ и германската „Wintershall“. Нејасната судбина на гасоводот од гледна точка на дозволите за градба сепак ги натераа западните акционери да се повлечат, а руската компанија го откупи целиот капитал на „Nord Stream 2“ и веќе е единствен нејзин сопственик.

Со 100% сопственост на гасоводот од страна на руската компанија која ќе биде и главен снабдувач на цевката, целосно се прекршуваат европските правила во областа на енергетиката и иднината на „Северен поток 2“ станува неизвесна.

Очекувањата се изградбата на гасоводот да чини до 10 милијарди евра.

Во оваа година „Газпром“ планира и околу 42 милијарди рубљи за изградба на „Турски поток“. Гасоводот по дното на Црното Море веќе ги доби сите градежни дозволи од Турција, а рускиот претседател Владимир Путин го потпиша указот за ратификација на договорот за изградба на објектот.

Целта и на двата проекта е да се заобиколи Украина како транзитна земја на рускиот природен гас.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП