3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИTakata драстично ja намали прогнозата

Takata драстично ja намали прогнозата

takata353

Поради високите трошоци за сервисната акција и глобата во износ од речиси 1 милијарда долари во САД, јапонскиот автомобилски производител на воздушни перничиња, „Takata“, драстично ја намали прогнозата за финансиската состојба.

Наместо досега очекуваната нето добивка од 20 милијарди јени Концернот очекува да ја заврши фискалната година кон крајот на март со загуба од 64 милијарди јени (533 милиони евра). На овој начин компанијата најверојатно ќе биде во загуба веќе трета година.

Во САД компанијата треба да им плати на властите глоба во износ од 936 милиони евра. Се очекува компанијата да ги плати кривичните казни во износ од 25 милиони долари и 850 милиони долари компензација на производителите на автомобили, кои купиле неисправни воздушни перничиња. Уште 125 милиони долари ќе одат за создавање на фонд за надоместување на штета за возачите или блиски кои биле погодени од неисправните воздушни перничиња.

Минатата година „Takata“ кој ги снабдува со воздушни перничиња „Honda“, „Toyota“ и други големи автомобилски производители, поднесе извештаи до американските регулатори за автомобилска безбедност, објавувајќи ги речиси 14 милиони уреди како неисправни. Тогаш компанијата договори и проширување на повлекувањето до 40 милиони воздушни перничиња на неколку пати до 2019-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП