2 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКако да најдете заеднички јазик со тешките луѓе

Како да најдете заеднички јазик со тешките луѓе

teshki luge1

Стресните ситуации во контактот со личности со кои не можете да пронајдете заеднички јазик ќе успеете да ги надминете само ако ја зајакнете социјалната интелигенција.

 

Еве како ќе го постигнете тоа:

Џорџ Бернард Шо, ирскиот нобеловец во една прилика рекол:

„Единствениот човек кој се однесува разумно е мојот кројач. Тој секој пат ми зема нова мерка, кога ќе ме види, додека сите останати ги применуваат мерките од порано, мислејќи дека и денес одговараат“.

 

Извлечете поука од оваа изрека.

Луѓето се менуваат и затоа прилагодете го однесувањето согласно ситуацијата во која се наоѓате.

 

Немојте да ги обликувате другите

Галилео Галилеј рекол: „Човекот не можете да го научите на нешто, туку само да му помогнете тоа да го открие во себе“.

Развијте во себе волја да не потценувате некого поради неговите особини. Сузбијте ја во себе желбата другите да ги обликувате по своја мерка.

 

Почитувајте ги другите

Секогаш и секому дајте му можност да го сочува својот образ. Тоа значи, почитувајте го неговото достоинство.

Однесувањето кон луѓето со почит и достоинство, како и завршувањето на било која работа и задача со потполна искреност и интегритет, се само некои од начините кои што допринесуваат кон позитивната работна клима.

 

Избегнувајте провокација

Во разговор со другите користете ги зборовите „разбирам“, „тоа е важно за вас“, „ајде заедно да побараме решение“. Тоа се волшебни зборови. Потрудете се да избегнувате негативни изјави како што се „тоа не одговара, затоа што тоа од секогаш сме го правеле вака“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП