4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИTwitter со минус од 170 милиони долари

Twitter со минус од 170 милиони долари

164186772589dbec285520995264489_w640

Цените на акциите на „Twitter“ опаднаа на Волстрит за повеќе од 12 проценти, откако оваа социјална мрежа извести за речиси двојно поголема загуба.

Оваа компанија во последниот квартал од минатата година забележала минус од 167 милиони долари, додека една година претходно тој изнесуваше 90 милиони долари. Би требало да се потенцира дека „Twitter“ никогаш не забележал квартална добивка.

Вкупните приходи на „Twitter“ во изминатиот квартал изнесувале 717 милиони долари, околу 1 процент повеќе околку една година претходно, при што приходите од огласувањето благо опаднале, на 638 милиони долари.

Тоа е најбавниот раст на кварталните приходи од кога акциите на „Twitter“ се понудени на Волстрит во ноември 2013 година. А вкупната загуба на оваа социјална мрежа од 2013 година надмина 1,5 милијарди долари.

Бидејќи деловните резултати на компанијата се послаби отколку што очекуваа аналитичарите, цената на акциите опадна за повеќе од 12 проценти.

Инвеститорите ги загрижи и бавниот раст на бројот на активни месечни корисници на оваа социјална мрежа. Во изминатиот квартал биле 319 милиони, само 4 проценти повеќе отколку една година претходно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП