17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа Кина и здосади, катанец за оние кои продаваат биткоин

На Кина и здосади, катанец за оние кои продаваат биткоин

5cda48a00fe84b2f6683f3dd9de2009b

Централната банка на Кина ги предупреди домашните берзи кои тргуваат со биткоинот дека ризикуваат да бидат затворени.

Тоа ќе се случи, се заканува Пекинг, доколку се утврдат кршења на прописите околу таа валута во земјата. Ова предупредување доаѓа во момент кога тамошните регулатори се обидуваат да го спречат одливот на капитал од земјата, но и стравот од понатамошното слабеење на јуанот.

На својата интернет страна, Народната банка на Кина советува да не се учествува во активностите кои можат да бидат карактеризирани како перење пари.

„Доколку се утврди такво кршење на прописите, сериозно ќе реагираме и инспекцијата ќе ја затвори таа берза“, соопшти банката.

Кинеските регулатори одржаа и состанок со трите најголеми берзи кои тргуваат со биткоинот со цел да ги потсетат на строгите прописи.

Побарувачката за виртуелни валути, особено биткоинот, е во пораст во Кина во последните неколку месеци, а тоа е резултат на недовербата во стабилноста на домашната валута. Во моментот, биткоинот вреди околу 1.060 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП