1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААкцијата на НЛБ банка на врвот по прометот на Македонска берза

Акцијата на НЛБ банка на врвот по прометот на Македонска берза

berza

Акцијата на НЛБ банка АД Скопје во петокот се најде на врвот со остварени 10,75 милиони денари или учество од 24,4 отсто во вкупниот промет од 43,916,487 денари.

Вкупниот број акции на НЛБ банка АД Скопје кој беше истргуван во последниот ден од трговската седмица изнесуваше 1.065 акции.

Во петокот беа забележани и три блок трансакции со акциите на Градинар Свети Николе АД и Адинг АД Скопје.

Кај Градинар беше реализиран промет во вредност од над 25 милион денари и истргувани 38.608 по цена од 150 денари преку две блок трансакции. Оваа акција воедно се најде и на прво место по вкупно остварен промет со учество од околу 57 отсто.

Индексот МБИ-10 денот го заврши со раст од 0,01 процент, и изнесуваше 2.292,99 индексни поени, додека, пак, ОМБ индексот остана непроменет.

Фармацевтскиот гигант Алкалоид АД објави промена на сопственост на член на Управен одбор, со што член на ова управно тело на компанијата се стекна со 192 обични акции издадени од Алкалоид АД Скопје.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП