20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБесплатно запишување на правата на сопственост на 31 нова катастарска општина

Бесплатно запишување на правата на сопственост на 31 нова катастарска општина

katastew43

Во Годишната програмa за 2017 година се опфатени 135 катастарски општини, од вкупно 205 катастарски општини каде што процентот на неутврдени права на сопственост е поголем од 20 %, информираат од Катастарот.

Во програмата за 2017 година, покрај довршување на катастарските општини кои беа опфатени со минатите програми, предвидено е бесплатно запишување на правата на сопственост на 31 нова катастарска општина.

Одделението за катастар на недвижности во Велес ќе врши бесплатно запишување на правата на сопственост за катастарските општини: Габровник и Ораовдол;

Одделението за катастар на недвижности во Гостивар ќе врши бесплатно запишување на правото на сопственост за катастарските општини: Долно Јеловце, Тануше, Нистрово, Бибај, Рибница, Грекај и Нивишта, Сенце,Жужње, Богдево, Кракорница, Бродец, Горна Волковија, Куново и Добри Дол;

Одделението за катастар на недвижности во Куманово ќе врши бесплатно запишување на правото на сопственост за катастарските општини: Рамно, Буковљане, Дренак и Мгленце;

Одделението за катастар на недвижности во Македонски Брод ќе врши бесплатно запишување на правото на сопственост за катастарските општини: Зркле,Косово, Тополница и Самоков;

Одделението за катастар на недвижности во Свети Николе ќе врши бесплатно запишување на правото на сопственост за катастарските општини:Бекирлија и Кишино;

Одделението за катастар на недвижности во Штип ќе врши бесплатно запишување на правото на сопственост за катастарските општини: Шашарвајлија, Вртешка и Калаузија.

„сите граѓани и правни лица кои поседуваат имот во катастарските општини опфатени со програмата, да поднесат барање, односно пријава, до одделението за катастар каде што се наоѓа нивната недвижност и да ја приложат целокупната документација со која располагаат за да го докажат правото на сопственост (пресуди, договори, акти на државни органи, наследни решенија, поседовни листови и сл.), со што Агенцијата за катастар на недвижности ќе изврши бесплатно запишување на правата на сопственост“, апелираше во петок директорот на Катастарот Славчо Трпески.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП