5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОтворени новите простории на градинката „Детелинка“ во општината Ѓорче Петров

Отворени новите простории на градинката „Детелинка“ во општината Ѓорче Петров

gradinka-detelinka-680x365_c

Новите простории на објектот „Детелинка“ кој е дел од градинкаата „Росица“ во Општина Ѓорче Петров, во петок беа посетени од министерот за труд и социјална политика , Ибрахим Ибрахими и градоначалникот на општината Ѓорче Петров.

Изградениот дел на објектот „Детелинка“ располага со една занимална, ходник опремен со гардеробери за деца, санитарна просторија за деца опремена со мијалници и тоалетни шолји.

Во новата занимална ќе бидат згрижени 30 деца, а објектот „Детелинка“ ќе функционира со 10 групи со капацитет за 205 деца на возраст од 2-3 години, со што објектот за деца со извршената промена, според развиеноста ќе биде со среден капацитет.

Градежните работи на новиот дел се реализирани со финансиски средства од страна на општина Ѓорче Петров, а опремувањето е од страна на ЈОУДГ „Росица“ – Ѓорче Петров.

Градоначалникот на општината Ѓорче Петров, Митровски за годинава најави изградба на уште еден објект за згрижување на деца во село Волково.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП