7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДолжниците кон ЈП Водовод и канализација долгот можат да го платат на...

Должниците кон ЈП Водовод и канализација долгот можат да го платат на рати

vodovod1

Сите корисници на услугите на ЈП Водовод и канализација – Скопје, кои имаат заостанат долг за вода (тужен и редовен дел), може да го платат без пресметана камата за задоцнето плаќање, одлучи претпријатието.

Можноста да се плати долгот без камата е со определено времетраење во рок од 90 дена, сметано од денот на донесување на оваа одлука.

Во зависност од висината на долгот (главен долг и трошоци), истиот може да се отплати на рати и тоа по следните критериуми:

Физички лица
На 4 рати за износ од 10.000,00 ден. до 30.000,00 ден.
На 6 рати за износ од 30.001,00 ден. до 50.000,00 ден.
На 8 рати за износ од 50.001,00 ден. до 70.000,00 ден.
На 10 рати за износ од 70.001,00 ден. до 90.000,00 ден.
На 12 рати за износ над 90.001,00 ден.

Правни лица
На 2 рати за износ од 10.000,00 ден. до 50.000,00 ден.
На 3 рати за износ од 50.001,00 ден. до 100.000,00 ден.
На 4 рати за износ од 100.001,00 ден. до 150.000,00 ден.
На 5 рати за износ од 150.001,00 ден. до 200.000,00 ден.
На 6 рати за износ над 200.000,00 ден.

Од Водовод напомнуваат дека ова ослободување од камата нема да важи за државните институции, локални самоуправи итн.

„Исто така Управниот одбор на ЈП Водовод и канализација – Скопје, донесе одлука со која се одобрува физичките лица од социјално ранливите категории (приматели на постојана парична помош, приматели на социјална помош, самохрани родители и сл.) кои имаат заостанат долг истиот да можат да го отплатат на двојно повеќе рати од предвиденото“, се вели во соопштението од ЈП Водовод и канализација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП