6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ донираше 33 возила за МВР

ЕУ донираше 33 возила за МВР

han-vozila-mvr-680x365_c

Денес во Министерството за внатрешни работи еврокомесарот за пристапни преговори и соседска политика Јоханес Хан предаде 33 возила, како дел од поддршката за македонските институции кои беа вклучени во справувањето со миграциската криза кои се набавени преку фондовите на Европската Унија.

Донација е вредна над 800 илјади евра, и се состои од 33 теренски возила за потребите на граничната полиција и Центарот за управување со кризи. „Размерите на овој предизвик со кој се соочува не само Европа, туку и целиот свет се без преседан. Причините поради тоа се комплексни и не постои еден единствен лек. Тоа што изискува е да им се помага на луѓето кои имаат потреба за помош, како и да им се помогне и да се поддржат земјите што се обидуваат да се справат со оваа криза и притоа целосно да се испочитуваат европските, како и меѓународните стандарди“, истакна Хан.

Вицепремиерот за евроинтеграции Арбр Адеми во своето обраќање посочи дека од почетокот на мигрантската криза Европската унија има обезбедено финансиска помош Република Македонија во износ од 19 милиони евра за справување со мигрантската криза од кои 14.5 милиони евра за реализација на т.н. Специјални мерки на ЕУ за справување со мигрантската криза.

„Мигрантската криза ни покажа дека овој регион треба што е можно побрзо да стане дел од европското семејство бидејќи заедничките напори и соработка се најсоодветниот одговор на сите предизвици “, додаде Адеми.

Адеми изрази благодарност до Делегацијата на ЕУ за активната поддршка и помош при планирањето и реализацијата на помошта наменета за справување со последиците од мигрантската криза, и очекување дека ваквиот пристап ќе се рефлектира и на останатите мерки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП