27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФранција произведува половина од нуклеарната енергија во ЕУ

Франција произведува половина од нуклеарната енергија во ЕУ

nuk france22

Кон крајот на 2016-та година во 14 земји од Европската унија (ЕУ) работат нуклеарни реактори, покажува последната статистика на „Евростат“. Податоците покажуваат дека земјата со најсилно развиена нуклеарна енергија во заедницата е Франција – таа произведува 51% од целата енергија од нуклеарни централи во ЕУ.

Пет земји се главните играчи во производството на нуклеарна енергија во ЕУ – Франција, Германија, Велика Британија, Шпанија и Шведска. На нив се должи 83% од вкупната произведена електрична енергија од нуклеарни централи во заедницата.

Нуклеарните централи во ЕУ имаат удел од 26% од вкупното производство на електрична енергија во 2016-та година.

Според податоците на „Евростат“, во периодот меѓу 1990-та и 2004-та година нуклеарната енергија е во подем и произведената електрична енергија е зголемена за 27%. Врвот е во 2004-та година, кога се произведени малку над 1 милион гигаватчаса електрична енергија од нуклеарни централи.

Во следните десет години, сепак има пад од 15%, а тој е видлив во Германија и Белгија (со 45%). Во исто време во Романија е регистриран раст на произведената енергија од нуклеарни централи со 110%, а во Унгарија зголемувањето е од 33 проценти.

Во меѓувреме агенциите соопшти за експлозија во една од централите во Франција – АЕЦ „Фламанвил“. Инцидентот се случил надвор од нуклеарната зона и нема опасност од истекување на радијација, смируваат локалните власти. Едниот од двата реактори во централата сепак е запрен.

Во АЕЦ „Фламанвил“, сопственост на „EDF“, работат два реактори од 1.300 мегавати, произведени во 80-тите години на минатиот век. Во моментов се гради нов реактор во централата.

Експлозијата настанала од пожар во машинската сала на едниот од реакторите во централата, објаснија од компанијата оператор. Во инцидентот нема жртви.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП