4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСе бараат најромантичните Ромео и Јулија во Skopje City Mall

Се бараат најромантичните Ромео и Јулија во Skopje City Mall

kkk

Од сабота (11ти февруари) до 14ти февруари сите посетители кои со својот партнер ќе дојдат во Skopje City Mall, ќе имаат можност да се фотографираат во театарски костими, филмска шминка и фризура стилизирани како Ромео и Јулија. Фотографиите со хаштаг #skopjecitymall ќе учествуваат во Инстаграм фото натпревар и на база на најмногу собрани лајкови ќе се одберат најромантичните Ромео и Јулија, за кои ќе следат вредни награди.

Фото катчето ќе биде поставено пред Play City Cafe, а посетителите ќе можат да се фотографираат од 18 до 21 часот од 11.02 до 13.02, и од 10 до 22 часот на 14.02.

“Сакаме шопингот и купувањето подароци за Св. Валентин да ги претвориме во едно поинтересно и уникатно искуство за паровите. Во следните 4 дена, тие ќе имаат можност да се фотографираат стилизирани како Ромео и Јулија, претходно подготвени од најдобриот тим на шминкер, фризер и костимограф. Ги охрабруваме и очекуваме сите заљубени парови да учествуваат во овој необичен натпревар и своите професионални фотографии да ги поставуваат на своите Instagram профили.” – вели Дарко Панчевски од Skopje City Mall.

Најлајкуваните фотографии ќе бидат наградени на 16ти февруари. Парот од фотографијата со најмногу лајкови ќе добие шопинг ваучер во вредност од 10.000 денари, два ваучери за полирање на заби од Три Мит Дент и еден ваучер за двајца во Synergy Fitness Center. Покрај фотографијата, сите учесници ќе добијат и ваучери за попуст во Стоматолошка ординација Три Мит Дент и во Synergy Fitness Center. За детални информации околу подароците прочитајте повеќе на следниот линк: http://skopjecitymall.mk/ljubov/

kaa

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП