23 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПродажбата на Renault ги соборува рекордите

Продажбата на Renault ги соборува рекордите

911596241589d8b291ab23041347803_w640

Францускиот производител на автомобили „Renault“ регистрираше рекордни резултати во изминатата 2016 година.

Голем број на продадени коли, но сите се загрижени за едно, компанијата наведува дека нема да издвои никакви средства за потенцијалните неповолни финансиски последици во врска со истрагата за емисијата на гасови од дизел автомобилите.

„Renault“, кој сега стана најголем француски производител на автомобили според продажбата, наведе во соопштението дека добивката во 2016 година скокнала за речиси 20 проценти, поттикната од силната продажба, пренесува агенцијата АФП.

Нето профитот е зголемен за 19,7 проценти, на 3,54 милијарди евра минатата година, врз основа на растот на приходите од 13,1 проценти, на 51,2 милијарди евра.

Компанијата ги препишува добрите резултати на скокот на продажбата од 13,3 проценти од брендовите „Dacia“ и „Samsung Motors“ од составот на групацијата „Renault“, на 3,18 милиони возила ширум светот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП