27 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБројот на издадени одобренија за градење бележи пад во декември

Бројот на издадени одобренија за градење бележи пад во декември

gradeznistvo3395

Според податоците на Државниот завод за статистика, во декември 2016 се издадени 333 одобренија за градење што е за 0.9% помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 7 433 793 илјади денари што е за 52.9% повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 199 (59.8%) се наменети за објекти од високоградба, 39 (11.7%) за објекти од нискоградба и 95 (28.5%) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 333 објекти, на 221 (66.4%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 112 (33.6%) објект инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 419 станови со вкупна корисна површина од 41 887 м2.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП