17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманија го предупреди Лондон за ризикот со Brexit

Германија го предупреди Лондон за ризикот со Brexit

londi3

Еден од најглавните банкарски регулатори во Германија го предупреди Лондон дека најверојатно ќе ја загуби улогата на „портата кон Европа“ за витални финансиски услуги.

Др.Андреас Домбрет, член на Извршниот одбор на германската Централна банка, Bundesbank, изјави дека дури и доколку банкарските правила се „еквивалентни“ меѓу Велика Британија и остатокот од Европаската унија (ЕУ) тоа е со „километри далеку од пристапот кон еденствен пазар“.

Домбрет ваквите коментари ги даде на приватна средба на германски бизниси и банки, организирана од Boston Consulting Group во Франкфурт на почетокот на неделава, пренесува BBC.

Излагањето на банкарскиот експерт дава јасен и редок увид во пристапот на Германија во период кога Британија го започнува процесот на напуштање на ЕУ.

А тој пристап е остар, пишува BBC.

„Сегашниот модел во кој Лондон се користи како „порта кон Европа“ најверојатно ќе заврши“, рече Домбрет на состанокот зад затворени врати.

Тој јасно стави до знаење дека не поддржува „конфронтирачки пристап“ кон идните односи на значајниот сектор финансиски услуги на Велика Британија и ЕУ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП