10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПадот на резервите ги зголеми цените на нафтата

Падот на резервите ги зголеми цените на нафтата

nafta

Цените на нафтата пораснаа во четврток на меѓународните пазари заради неочекуваниот пад на американските резерви на бензин.

Падот на резервите на бензин го потиснаа во втор план остриот скок на резервите на сурова нафта.

На лондонската берза цената на барелот порасна 50 центи во однос на претходното затворање и изнесуваше 55,62 УСД.

За ист износ поскапе барелот нафта и на американскиот пазар, па се тргуваше по цена од 52,84 УСД.

Во фокусот на пазарот беше и податокот од извештајот на американската влада за падот на резервите на бензин минатата недела за 869 илјади барели.

Аналитичарите очекуваа нивен раст за 1,1 милиони барели.

Падот на резервите на бензин покажува дека американската потрошувачка е посилна од очекуваното и можеби доволно силна да ги поддржи цените во услови на добро снабдување на пазарот.

Високите нафтени резерви ги поткопуваат обидите на ОПЕК и другите водечки производители, вклучувајќи ја и Русија, со смалено производство да ја ублажат прекумерната снабденост.

ОПЕК и одделни големи извозници се договорија во првата половина на годината да го намалат производството за речиси 1,8 милиони барели дневно, за да ги поддржат цените и да го избалансираат пазарот.

Одвоено, ОПЕК објави дека цената на барелот од референтната кошничка на нејзината нафта во среда изнесувала 52,13 УСД, што значи дека паднала за 65 центи во однос на претходниот трговски ден.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП