18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУнгарија 10 милијарди во плус

Унгарија 10 милијарди во плус

3628475825885ee7d896f8541381538_w640

Унгарија во минатата година оствари суфицит од 9,97 милијарди евра во стоковата размена со светот, што е за 1,38 милијарди повеќе отколку во 2015 година.

Извозот на Унгарија лани е зголемен за 3,1 проценти, на 93,27 милијарди евра, а увозот пораснал за 1,7 проценти, на 83,29 милијарди евра, според првите податоци на Државниот завод за статитика (KSH), пренесе новинската агенција MTI.

Само во декември минатата година, унгарскиот надворешно-трговски суфицит достигна 556 милиони евра и е помал за 82 милиони во однос на истиот месец претходната година.

Во декември 2016 година извозот е зголемен за 7,7 проценти, на 7,28 милијарди евра, додека увозот скокна за 9,9 проценти, на 6,72 милијарди, пренесува унгарската новинска агенција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП