12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПораснаа берзанските индекси на Волстрит и на европските берзи

Пораснаа берзанските индекси на Волстрит и на европските берзи

volstrit

Берзанските индекси на Волстрит во четврток достигнаа нови рекорди, откако американскиот претседател Доналд Трамп порача дека наскоро ќе го претстави планот за намалување на данокот.

Dow Jones зајакна 0.59 отсто, на 20.172 бодови, додека S&P 500 порасна 0.58 отсто, на 2.307 поени, а Nasdaq индексот 0.58 отсто, на 5.715 бодови.

Индексите ги остварија новите највисоки вредности во историјата благодарејќи на изјавата на Трамп за време на состанокот со директорите на авионската индустрија дека ќе го намали даночното оптоварување за американските компании.

Иако не говореше за детали, инвеститорите ги охрабри фактот дека Трамп има намера да ги исполни ветувањата дадени во изборната кампања.

Најмногу пораснаа, 1,4 отсто, цените на акциите во финансискиот сектор, а следеше енергетскиот сектор со раст од 0,9 отсто.

Поддршка на пазарот му пружаат и подобрите од очекуваното квартални резултати на компаниите.

И на европските берзи цените на акциите пораснаа.

Лондонски FTSE индексот зајакна 0,57 отсто, на 7.229 бодови, додека франкфуртски DAX порасна 0.86 отсто, на 11.642 поени, а париски CAC 1.25 отсто, на 4826 бодови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП