12 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗSora наскоро ќе се најде во продажба

Sora наскоро ќе се најде во продажба

lito sora

Електричниот супербајк на канадската компанија „Lito Green Motion“, со името „Sora“, доби сертификат од министерството за сообраќај и тоа значи дека наскоро ќе може да се најде во продажба.

Секако прво ќе им биде достапен на купувачите во Канада, но само на оние кои се подготвени за ваков мотоцикл да одвојат 31.500 евра.

За оваа цена „Sora“ нуди „LiPo“ батерија со снага од 12 kWh која се полни за осум часа на стандарден приклучок, односно час и половина на специјален полњач, а со него може да се помине околу 300 km со максимална брзина од 190 km/h.

Овој електричен мотор доаѓа и со 14.2 cm GPS екран, интегрирана инструмент табла, електронско подесување на седиштетот, стартување на моторот без клуч, но и со „CVT“ пренос, кој многумина од возачите не го преферираат колку и мануелниот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП