27 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАТриесет писатели се членови на ДПМ повеќе од половина век

Триесет писатели се членови на ДПМ повеќе од половина век

drustvo pisateli mk3

Од 540 членови на Друштвото на писателите на Македонија, триесет писатели се членови на асоцијацијата по повеќе од половина век.

Станува збор за автори кои во изминатите децении оставиja силен печат во развојните процеси на македонската литература и литературата на националностите, во областа на романот, расказот, поезијата, драмата, критиката, есеистиката, книжевната наука и литературата за деца.

Тоа се писателите: Матеја Матевски, Цане Андреевски, Методија Фотев, Милан Ѓурчинов, Илхами Емин, Благоја Иванов, Влада Урошевиќ, Јован Павловски, Георги Сталев, Оливера Николова, Радован Павловски, Душко Родев, Георги Старделов, Божин Павловски, Михаил Ренџов, Јован Стрезовски, Видое Видически, Фахри Каја, Миле Неделкоски, Гордана Михаилова Бошнакоска, Владимир Костов, Луан Старова, Ристо Јачев, Иван Ивановски, Нусред Дишо, Трајан Петровски, Стојан Тарапуза, Иван Чаповски, Александар Поповски и Милан Терзовски.

Во рамките на одбележувањето на јубилејот 70 години од формирањето на ДПМ, на посебна манифестација, ќе биде изложен избор од десетиците книги на овие писатели, чии естетски дострели претставуваат константа на богатиот и буен развој на современата македонска литература.

Свечениот собир по повод одбележувањето на 70-годишнината од формирањето на ДПМ, ќе се одржи на 16 февруари во 12 часот во Домот на македонските писатели. На свеченоста ќе бидат врачени наградите „Ацо Шопов“, „Стале Попов“, „Димитар Митрев“ и „Ванчо Николески“ за најуспешни книжевни дела, на добитниците Гордана Михаилова Бошнакоска, Лилјана Пандева, Кристина Николовска и Александар Поповски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП