21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОпштина Карпош ги санкционира загадувачите на воздухот

Општина Карпош ги санкционира загадувачите на воздухот

smog-vodno-680x365_c

Овластениот инспектор за животна средина и комуналните редари од Општина Карпош, во четвртокот, при континуирана контрола на локација во населбата Бардовци, утврдија неовластено палење на отпад (гуми, кабли, пластика).

Притоа, инспекторот побара асистенција од полицијата која изврши увид, при што го идентификуваше лицето кое палело недозволени материјали.

Комуналните редари од Општина Карпош на сторителот на прекршокот му изрекоа казна, согласно Законот за јавна чистота. Контролата на инспекторот и комуналните редари продолжува и наредните денови, со цел да се спречат овие сериозни прекршоци од страна на несовесните граѓани.

Општина Карпош апелира до своите сограѓани на поголема свесност, бидејќи при согорување на овие материјали се предизвикува опасен ефект, при што се ослободуваат токсични супстанци во воздухот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП