13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕБОР, ЕУ и партнерите, поддржуваат инвестиција за енергетска ефикасност наменета за Западен...

ЕБОР, ЕУ и партнерите, поддржуваат инвестиција за енергетска ефикасност наменета за Западен Балкан

energetska_efikasnost

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и Европската Комисија (ЕК) превземаат зедничка иницијатива за промовирање на енергетската ефикасност на Западен Балкан, односно ЕК ќе обезбеди грант од 30 милиони евра за имплементација на следната фаза од Програмата за Регионална Енергетска Ефикасност (ПРЕЕ), наменета за максимално искористување на потенцијалот на енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија во Албанија, Босна и Херцеговина, Македонија, Косово, Црна Гора и Србија, познати како Западен Балкан 6.

Енергетската ефикасност е важна компонента во работењето на ЕБОР и во активностите на креирање на еколошки одржливи услови во земјите каде инвестира. Овој сектор е интегрален дел од шестте квалитети на транзиција – флексибилност, конкурентност, одржливост, инклузија, интеграција и владеењето на правото, дефинирани од Банката, како концепт за добро функционирање на пазарната економија.

ПРЕЕ програмата е креирана во 2013 година, како заедничка иницијатива на Европската Комисија, билатералните донатори и земјите кориснички на Инвестиционата Програма за Западен Балкан (ИПЗБ), а се имплементира од ЕБОР, во тесна соработка со Секретаријатот за енергетски заедници на ЕУ. ПРЕЕ комбинира круцијални среднорочни и долгорочни финансирања со детално моделирана техничка помош и поддршка за клучните политики, во насока на поттикнување на користењето на инвестициите во енергетската ефикаснот и обновлива енергија, во приватниот и јавниот сектор, во земјите од регионот.

Во наредната фаза на реализирање на ПРЕЕ програмата, ЕБОР ќе соработува со германската развојна банка KfW, и ќе продолжи да обезбедува директни и непосредни финансирања во комерцијалниот и јавниот сектор. Истовремено, ќе биде лансирана и првата кредитна линија наменета за регионалниот станбен сектор, со која ќе се помогне огромниот, и сеуште неканализираниот потенцијал на енергетската ефикасност на Западен Балкан.

Програмата ќе има на располагање 1,8 милиони евра, донаторски средства од Зедничкиот фонд на Европа за Западен Балкан, мулти-донаторски фонд и главен извор на финансирање на програмата на ИПЗБ, како и € 2,7 милиони од Владата на Австрија.

„Проектите за енергетска ефикасност вообичаено бараат значајно пред-инвестирање, кое понатаму се враќа преку заштедите на трошоците за енергија, направени на подолг временски период, особено во градежниот сектор. Достапноста на долгорочно финансирање на финансиските посредници, со добра проценка на економската исплатливост на инвестицијата во енергетска ефикасност, се неопходни за поддршката во овој сектор. Донаторите и развојните институции се круцијални за отварањето на овој пазар во изминативе години, обезбедувајќи долгорочно финансирање, техничка помош и иницијатива“, изјави претставникот на ЕБОР за Македонија, Анка Јоана Јонеску.

„ПРЕЕ е носечка програмата за Западен Балкан 6, креирана за поддршка на енергетската ефикасност и малите обновливи извори на енергија. Таа ќе овозможи техничка поддршка, инвестциска флексибилност и ќе бидат Фонд за финансирање на економија со еколошки стандарди, наменет за обезбедување кредити преку ЕБОР. Во натамошното проширување на активностите на ПРЕЕ програмата, Секретаријатот е горд партнер од доверба на шестте земји од Западен Балкан и меѓународните финансиски институции” , додаде директор на одделот за инфраструктура и енергетска ефикасност од Секретријатот за енергетска заедица при ЕУ, Виолета Когалничеану.

ПРЕЕ програмата го охрабрува приватниот и јавниот сектор во превземање иницијатива на лидерство, во промовирање на енергетската ефикасност, согласно планираното во националните акциони планови за енергетска ефикасност, на земјите во регионот, кои се развиени како дел од процесот на вклучување во Енергетската заедница. Програмата се заснова на успешниот интегриран пристап на ЕБОР, за развој на еколошко одржливи пазари и финансирање на стопанството.

Во изминативе 10 години ЕБОР обезбеди над две милијарди евра, за имплементација на инвестиции за поддршка на зачувување на човековата околина во шестте земји на Западен Балкан, кои имаат извонредно голем потенцијал, и кои можат да имаат поголема корист од обновливата енергија и мерките на енергетска ефикасност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП