7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДоаѓа ли Frexit и зошто Франција почнува сè повеќе да ги мачи...

Доаѓа ли Frexit и зошто Франција почнува сè повеќе да ги мачи инвеститорите?

frrance3543

Прво се појавија стравувањата за „Grexit“, потоа дојде шокот од „Brexit“, а сега инвеститорите почнаа да се загрижени од „Frexit“, пишува „MarketWatch“.

Последното сценарио за „exit“, кое е закана за финансиските пазари, е излегувањето на Франција од еврозоната, стравувањата кои се засилија уште повеќе во последните неколку дена, откако екстремнодесничарскиот француски лидер Марин Ле Пен ја започна својата претседателска кампања со говор, во чија основа беа поставени темите за имиграцијата и глобализацијата.

Во интервју Марин Ле Пен изјави дека Франција треба да ја напушти ЕУ и еврозоната, заедно со уште неколку земји од југот – Португалија, Италија, Шпанија, Грција и Кипар, како и Ирска.

„„Frexit“ е дел од мојата политика“, коментира таа и додаде дека идеалното сценарио е сите наведени земји да ја напуштат еврозоната во истиот ден кога тоа ќе го направи и Франција. Ако биде избрана за претседател, таа ќе ја извади Франција и од НАТО, бидејќи „организацијата повеќе не е потребна“.

Иако нејзината кандидатура за претседател на Франција беше отфрлана како можност веќе подолго време, но по скандалот околу водечкиот кандидат – републиканецот Франсоа Фијон, Ле Пен се смета како сериозен кандидат за функцијата.

„Таа успеа да ја попречи мешаница, откако помина на преден план со желбата за „Frexit““, коментира Фиона Синкота, пазарен аналитичар на „City Index“.

Според аналитичарите победата на десничарскиот кандидат во првиот круг е многу реална можност, иако политичките аналитичари сметаат дека победа на втор круг ќе биде огромен предизвик за неа.

Во францускиот изборен систем еден кандидат треба да има мнозинство во првиот круг, закажан за 23-ти април, за да стане претседател. Во моментов Ле Пен води во анкетите за победа во првиот круг, но дали ќе освои апсолутно мнозинство? Ако не успее, таа ќе се соочи со вториот најпопуларен кандидат Емануел Макрон на вториот круг на 7-ми мај.

Додека очекувањата се Ле Пен да добие најмногу гласови во првиот круг, анкетата вели за победа на Макрон во вториот круг на изборите во Франција. Според последните анкети Макрон најверојатно ќе ја победи Ле Пен со 65% наспроти 35% на вториот круг.

„Тоа звучи многу познато. Лесно може да се направи паралели со Трамп и дури „Brexit“ што објаснува зошто пазарите почнуваат да погледнуваат кон сигурните засолништа и истовремено со тоа продаваат евра“, коментира Синкота.

Очекувањата се монетарниот пар евра/долар да падне до најниско ниво за годината во следните три месеци за време на предизборната кампања во Франција до ниво, блиско до паритет, коментира Кит Џејкс, шеф на девизните стратегиите на „Société Générale“, цитиран од весникот „Гардијан“.

„Ако Марин Ле Пен не победи на изборите, ние очекуваме многу силно зголемување на еврото во втората половина на 2017-та година“, изјави тој.

Ле Пен инсистира дека земјите треба да имаат право да гласаат за својата слобода од ропството и уцената, приморани од технократите во Брисел. Тие треба да го вратат својот национален суверенитет.

Според неа, каде и да е била воведена заедничката европска валута, тоа доведе до раст на цените, даноците и невработеноста, како и до намалување на платите и пензиите, а луѓето стануваат се посиромашни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП