1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКипар, Египет и Грција ќе ги поврзува електричен кабел

Кипар, Египет и Грција ќе ги поврзува електричен кабел

grcija-kipar-egipet-680x365_c

Се работи на студија за поставување подводен електричен кабел кој ќе ги поврзува електро-мрежите на Египет, Кипар и Грција, изјави Насос Кторидес, раководител на овој проект.

Кторидес, кој го води проектот EuroAfrica Interconnector, рече дека станува збор за поставување кабел долг 1.650 километри и капацитет од 2.000 мегавати преку кој ќе се праќа и ќе се прима.струја.

Реализацијата на проектот ќе трае 36 месеци по завршувањето на студијата за изводливост. Египетските власти во средата потпишаа спогодба за продолжување на студијата за овој проект, пренесува ABC News.

Кторидес исто така води одвоен проект за подводен електричен кабел што ќе ги поврзува Израел, Кипар и Грција.

Изградбата на EurAisia Interconnector кабел со должина од 1.520 километри треба да започне оваа година и да биде завршен до 2022 година.

Според првичните проценки, цената на првата фаза на EurAsia Interconnector е 3,5 милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП