25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПретставена туристичката понуда на Македонија на саемот за туризам во Израел

Претставена туристичката понуда на Македонија на саемот за туризам во Израел

maxresdefault (1)

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) на Република Македонија за првпат ја претстави туристичката понуда на саемот за туризам во Тел Авив, Израел (IMTM – Tel Aviv).

На саемот имаше неверојатно голем интерес од израелските посетители, а особено големо беше вниманието на новинарите кои изразија желба да ја посетат Македонија.

Туристичката бизнис заедница на Израел покажа интерес за отпочнување на соработка со Македонија и нејзино вклучување во нивните каталози како туристичка дестинација во 2017-та година.

Македонија на овој саем ги промовираше природните богатства и културното наследство на земјава, а Директорката на АППТ, Лела Крстевска, оствари бројни интервјуа и гостувања во специјализирани емисии за туризам како Ynet, со цел посилна промоција на земјава на овој нов пазар, со што упати и директна покана за посета на Македонија до потенцијалните израелски туристи.

Делегација на АППТ за време на саемот оствари средби со израелските тур-оператори Arkia, Ofir Tours, Golden Tours, Tours 4 Groups, Gly Guy, NB Tours со што дел од нив веќе од оваа сезона се подготвени да ја вклучат Македонија во нивната туристичка понуда.

Штандот на Македонија беше посетен и од претставници на македонската амбасада во Израел, како и Амбасадорот Пајо Авировиќ, кои значително придонесоа за поефективна промоција на Македонија во Израел.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП