10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија: Контрасанкциите донесоа четири милијарди долари

Русија: Контрасанкциите донесоа четири милијарди долари

1021132212

Откако воведе контрасанкции, го забрани увозот за западните производи и ги замени со домашни, Русија заработи четири милијарди долари, наведува Министерството за земјоделство.

Намирниците кои се произведени во Русија, а се замена за увeзeната стока, вредат речиси четири милијарди долари.

„Русија сега сама произведува и сирење, кашкавали, колбаси и други намирници, кои претходно ги увезуваше“, истакнува заменикот министер за земјоделство Евгениј Громико.

Ембаргото на увозот на намирници е на сила од август 2014 година, а Русија го воведе за земјите кои претходно на неа и воведоа санкции. Под забрана се месото и месните преработки, млекото и млечните производи, рибата и производите од риба, овошјето и зеленчукот.

Претходно министерот за земјоделство Александар Ткачов наведе дека Русија поради ембаргото го намалила увозот на намирници од некогашните 60 на 20 милијарди долари.

Тој напомена дека 80 до 90 проценти од намирниците во руските продавници се од домашно производство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП