11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИндексите на Волстрит благо пораснаа

Индексите на Волстрит благо пораснаа

image-volstrit

На Волстрит во среда индексите S&P 500 и Nasdaq благо пораснале, додека Dow Jones ослабе под притисок на падот на цените на акциите на банките.

Dow Jones ослабе 35 бодови или 0.18 отсто, на 20.054 бодови, додека S&P 500 зајакна 0.07 отсто, на 2.294 бодови, а Nasdaq индексот 0.15 отсто, на рекордни 5.682 бодови.

Рекордното ниво на Nasdaq индексот втор ден по ред најмногу се должи на растот на цените на акциите на технолошките гиганти, како што се Apple и Facebook.

Од друга страна, падот на цените на акциите во финансискиот сектор за 0,8 отсто е главна причина за падот на Dow Jones индексот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП