10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа европските берзи се тргува внимателно

На европските берзи се тргува внимателно

evropski

На повеќето европски берзи во среда се тргуваше внимателно, без оглед на јакнењето на рударскиот сектор.

Лондонски FTSE индексот зајакна 0.04 отсто, на 7.188 бодови, а париски CAC 0.26 отсто, на 4.766 бодови. Франкфуртски DAX се лизна 0.05 отсто, на 11.543 бодови.

Француски CAC, кој благо зајакна, последните денови беше под зголемен притисок заради неизвесноста во пресрет на претседателските избори, што се одржуваат во втората половина на април.

Инвеститорите се загрижени од најавите на претседателскиот кандидат на националниот фронт, Марин Ле Пен, која води во анкетите, а која најави можно излегување на Франција од Европската унија(ЕУ).

Иако многумина очекуваат дека Ле пен ќе загуби во вториот круг од умерениот кандидат, инвеститорите се нервозни бидејќи минатата година Британците целосно неочекувано изгласаа Brexit, а Американците Трамп за претседател.

Во фокусот на инвеститорите се и деловните резултати на европските компании, со оглед дека сезоната на објава на финансиските извештаи е при крај.

Повеќето компании известуваат за подобри од очекуваното резултати, што пружа поддршка на пазарите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП