7 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПутин му вети помош на Volkswagen

Путин му вети помош на Volkswagen

fplsvagen-putin

Рускиот претседател Владимир Путин на состанокот со директорот на Volkswagen Митаијас Милер вети дека ќе ѝ помогне на компанијата да го развие својот бизнис во Русија во време кога опаѓа продажбата и побарувачката.

Путин изјави дека ги сфаќа предизвиците со кои овој производител се соочува во Русија, каде што пазарот на автомобили е во опаѓање во период кога земјата е изложена на санкции од страна на западните земји, пренесува Reuters.

„Мило ни е што генерално работата ви оди добро, иако сфаќаме дека има одредени потешкотии. Секогаш сме подготвени за дискусија за сите прашања со цел да ви помогнеме да се развиете во нашата земја,“ рече рускиот претседател.

Групацијата Volkswagen, која произведува автомобили: фолксваген, ауди, сеат и шкода, е најголем странски производител н автомобили во Русија по продажба и приходи.

Продажбата на автомобили на оваа компанија во Русија се намали за пет проценти минатата година, се наведува во податоците на Асоцијатација на европски бизниси. (AEB).

Volkswagen најдобриот деловен резултат во Русија го оствари ви 2012 година, кога продаде речиси три милиони автомобили. Сегашната продажба се движи околу 1,4 милиони автомобили годишно.

Германскиот гигант произведува автомобили во фабриката во Калуга, околу 170 километри југозападно од Москва, а од 2015 година во овој град изгради и фабрика за мотори. Volkswagen има уште две производни локации во Русија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП