17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦената на златото на највисоко ниво во три месеци

Цената на златото на највисоко ниво во три месеци

zlato

Цената на златото го достигна највисокото ниво во три месеци по петиот ден на инвеститорското купување на метали преку пасивен фонд, што е најдолгиот период на купување од јуни, пишува Блумберг.

Количината на пасивниот фонд SPDR Gold Shares пораснаа за еден тон, па така во вторникот изнесуваше 827 тони, што е најмногу од 20-ти декември 2016 година, покажуваат податоците на Блумберг.

Активите скокнаа по 10-месечниот застој кој започна на крајот на јануари, што им помогна на цените на златото да го задржат својот прв годишен подем уште од 2012 година.

Цената на плочката злато скокна за 5,5 проценти минатиот месец, откако слабиот долар и загриженоста на инвеститорите поради претседателството на Трамп го поврза сезонското купување пред нова година според лунарниот календар.

Оваа недела растот на златото го надмина просекот од 100 дена движење, што беше знак за некои трговци и аналитичари дека цените можеби ќе продолжат да се зголемуваат.

Според Блумберг, цената на класичната плочка злато за моментална испорака изнесува 1.237,49 долари по унца.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП