25 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа светскиот пазар нафтата се продава под 55 долари

На светскиот пазар нафтата се продава под 55 долари

nafta 3439940

Цените на нафтата се задржаа во среда на меѓународните пазари под 55 УСД, замрзнати од големиот скок на резерви на сурова нафта во САД и кризата на кинеската побарувачка.

На лондонската берза цената на барел нафта остана речиси непроменета во однос на претходното затворање и изнесуваше 54,81 УСД.

На американскиот пазар барелот се тргуваше по 40 центи пониска цена, од 51,77 УСД.

Цените на нафтата потонаа во електронската трговија по затворањето на пазарот откако неделниот извештај на Американскиот институт за нафта покажа скок на резервите на сурова нафта за дури 14,2 милиони барели.

Аналитичарите очекуваа значително поскромен пад, за 2,5 милиони барели.

Дополнителен притисок на цените генерираа знаците за забавување на побарувачката од Кина.

Reuters, врз основа на официјални податоци, пресметал дека минатата година кинеската побарувачка пораснала 2,5 отсто, најмалку во последните три години. При тоа, најмногу е намалена потрошувачката на дизелот, додека потрошувачката на бензин повеќе не бележи двоцифрени стапки на раст.

ОПЕК објави дека цената на барелот на референтната кошничка на неговата нафта во вторник изнесувала 52,78 УСД, што значи дека паднала 99 центи во однос на претходниот трговски ден.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП