6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Имигрантите ѝ се потребни на ЕУ поради економијата“

„Имигрантите ѝ се потребни на ЕУ поради економијата“

federicamogherini-audierepe-sursaparlamentuleuropean

На Европската унија имигрантите ѝ се потребни поради економијата, а мигрантската криза Стариот континент ќе успее да ја реши само со меѓусебна соработка, без градење ѕидови, изјави во средата во ЛА Валета на Малта високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федрика Могерини.

На Малта високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федрика Могерини го отвори во средата состанокот Европа – Африка за имигрантската криза, а потоа присуствуваше на свеченоста на врачување дипломи за 89 припадници на либиската крајбрежна стража кои учествувале во поморската операција Европската унија против криумчарите на имигрантите од брегот на Либија под називот „Софија“.

„Мислам дека Европејците треба да сфатат дека имигрантите ни се потребни поради економијата“, имајќи го предвид стареењето на европската популација, порача Могерини.

„Истовремено Африка би требало да води сметка за тоа колку чини трговијата со човечките животи и колку се човечките загуби“, додаде шефицата на европската дипломатија, потсетувајќи на податокот дека 4.500 лица, повеќето од африканските земји, загинале или се сметаат за исчезнати на морето во текот на обидите да дојдат до италијанскиот брег само во текот на минатата 2016 година.

„Со миграциите може да се управува само со соработка и партнерство“, истакна Могерини.

„Во светот има и такви коишто вршат притисок и се залагаат за поинаков пристап… пристап кон би се темелел на градење ѕидови, а не на градење партнерства“, додадел Могерини, очигледно алудирајќи на американскиот претседател Доналд Трамо поради неговата иницијатива за подигнување ѕид кон Мексико и привремената забрана за влез во САД на државјани на седум муслимански земји, иако директно не го спомена.

„Тоа не е европскиот пат. Европа не го затвора вратите и тоа нема никогаш да го прави, но мораме да им ставиме крај на трагедиите кои се случуваат на морето и во пустините, бидејќи луѓето и натаму секојдневно умираат“, додаде Могерини.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП