20 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАНајлошата и најдобрата професија е...

Најлошата и најдобрата професија е…

Hat with Press tag

Најлоша професија на светот е новинарството, ова неодамна го покажа истражувањето чии резултати беа објавени на американската интернет страна „Careercast“.

Листата е составена врз основа на неколку фактори како што се приходите, физичкиот напор, стресот, работната средина и професионалните перспективи.

Се покажа дека работата на новинарите убедливо е најлоша и тоа по сите критериуми, се подолгото време на работа, стресната животна средина и платата која неодговара на бараната пожртвуваност.

Но, недостатокот за перспектива и тешкотиите при вработувањето се фактори кои највеќе влијаат на тоа новинарството да биде прогласено за најлоша професија во 2013-та година.

Една друга судија пак неодамна покажа дека новинарството е една од трите професии меѓу кои има највеќе психопати.

На листата од 200 професии, работата на новинарите го зазема последното место зад глумците и дрвосечачите кои се сметаат за нешто подобри.

Врвот моментално го поседуваат експертите за пресметка на финансиската неизвесност и ризик, биомедицинските инженери и софтверските инженери.

Зад нив се уште аудио-логиста, експерт за меѓучовечки комуникации и финансиски планер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП