1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРечиси 50 отсто од британските инвеститори веруваат дека Brexit ќе биде позитивен

Речиси 50 отсто од британските инвеститори веруваат дека Brexit ќе биде позитивен

lons309

Речиси половина од британските инвеститори сметаат дека Brexit ќе има позитивно влијание врз инвестициите, но тие се загрижени поради лидерството на премиерката Тереза Меј и американскиот претседател Доналд Трамп, покажуваат резултатите на најновата анкета на инвестициската фирма IW Capital.

Aнкетата, спроведена на 1.000 испитаници, инвеститори од Велика Британија, покажа дека 44 отсто веруваат дека гласањето за Brexit ќе има позитивно влијание врз нивните инвестициски стратегии во 2017 година, и покрај шпекулациите дека таквиот потег ќе биде деструктивен за овој сектор, пренесува Business Insider UK.

Тие го наведуваат фактот дека неизвесната политичка клима создаде „апетит за поголем ризик”, што значи дека тие бараат нови инвестиции со потенцијално повисоки добивки.

Постојат значителни стравувањата кај британските инвеститори за нестабилноста поврзана со Brexit пред изборите во јуни. Како резултат на ваквите стравувања, 65 милијарди фунти беа изнесени од земјата или беа конвертирани во други валути во последите неколку месеци – но истражувањето е последно во линијата на оптимистички проценки за британската економија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП