4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПристигна и последниот воз, проект вреден 25 милиони евра

Пристигна и последниот воз, проект вреден 25 милиони евра

voz-18

Последниот шести воз за возниот парк на Македонски железници од владиниот проект вреден 25 милиони евра за обнова на железничкиот возен парк, пристигна во среда, со што заврши процесот на трансфер на возовите.

Паралелно се врши и реконструкција на железничките станици на коридор 10 кои се во завршна фаза.

„Сакам да потенцирам дека е потпишан и договор за нови локомотиви во вредност од 8,7 милиони евра и многу набрзо очекуваме да почнат со работа нови четири локомотиви кои ќе значат многу за Македонски железници. Паралелно се прават и повеќе железнички станици во Република Македонија на коридорот 10 кои се во завршна фаза и се очекува нивниот технички прием да заврши многу набрзо и останува само една во Гевгелија која се уште се работи“, рече министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски.

Директорот на Македонски железници Никола Костов потенцираше дека со ова е завршен проектот за набавката на нови патнички возови и со тоа се обновил возниот парк на Македонски железници со речиси над 60 отсто.

Новите возови се очекува да возат на релацијата Скопје-Гевгелија, а ќе бидат пуштени во употреба во март.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП