25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРВЈУИнтервју со Ајхан Узун, Генерален Директор на Рамсторe Македонија

Интервју со Ајхан Узун, Генерален Директор на Рамсторe Македонија

gd

Ајхан Узун: Поставувањето на високи стандарди и позиционирањето како лидер е голем предизвик

Факт е дека никој не може да остане рамнодушен и да не ги прошета продавниците во големите шопинг центри кога станува збор за акција со попусти до дури 70 отсто. Една од тие големи акции на намаление се случува во Рамстор Мол под веќе добропознатата Garage Sale промоција. За повеќе околу оваа акција разговараме со генералниот директор на Рамстор, господинот Ајхан Узун

Денар: Сезонското намалување и распродажбите е светски концепт што Рамстор Мол го донесе и примени во Македонија. Garage Sale е успешна попуст акција што Рамстор Мол ја организира за своите посетители веќе по шести пат. Што точно добиваат посетителите со оваа акција?

Ајхан Узун: Според големиот број на светските истражувања, овие трендови на попусти се опишуваат со една реченица: Новите работи што се купуваат на попуст се морална поддршка за самиот купувач со значителна зголемена самодоверба. Водејќи се по тие истражувања и по мисијата на Рамстор Мол, сите посетители да бидат задоволни од понудата, цената и квалитетот, оваа акција за нив е нешто што ќе им биде од голема корист при задоволување на сопствените барања и желби. Во согласност со сите продавници во нашиот трговски центар вклучувајќи го и Рамстор супермаркетот, купувачите секаде ќе можат да најдат производи што имаат намалена цена дури и до 70 отсто. Но, оваа акција не е значајна само за купувачите, туку и за продавачите. Ова отвора можност и за нив да го понудат она што мислат дека заслужува секој да го има по намалена цена од вообичаената. Едноставно кажано, ова е победничка релација на двете страни, а тоа нас како трговски центар не прави посебно задоволни и горди.

gara

Денар: Рамстор Мол е прв по поставување на високи стандарди кога станува збор за она што се бара и што се нуди на пазарот. Тоа сигурно се должи на добриот менаџмент. Вие како генерален директор, секогаш сте во тек со понудата и побарувачката во Рамстор Мол. Дали може накратко да ни кажете што најмногу ги интересира купувачите, посебно при организирање на вакви големи акции како што е Garage Sale?

Ајхан Узун: Поставувањето на високи стандарди и позиционирањето како лидер во тој сегмент е тежок, макотрпен и постојан пат, но исто така и голем предизвик. Предизвик што бара многу работа и напор, борба со времето, и постјана будност при следење на пазарот. Во изобилство на трговски центри, бутици и продавници од било каков тип, понудата и побарувачката брзо се менуваат, но една работа е сигурна, купувачите секогаш обрнуваат посебно внимание кога станува збор за купување облека.  Било каква облека. Правило број еден за љубителите на шопингот е да најдат облека од било која сезона по намалена цена. Потоа следат обувките и накитот, а во последно време е порастот на побарувачката за детската облека. Сите знаеме и може да се согласиме дека за децата треба да го купуваме најдоброто, а посебно кога најдоброто е по намалена цена.

Кога ќе се погледне големата слика, може да се заклучи дека Garage Sale е еден целокупен настан во корист и полза на сите посетители, тие успешно и среќно да го поминат своето време и се збогатат со ново и пријатно шопинг искуство. Граѓаните секогаш се среќни кога ќе го добијат она што најмногу им е потребно и најмногу им се допаѓа, притоа да не потрошат многу пари, а Garage Sale токму тоа им го овозможува.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП