3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКинеските власти водат разговори со водечките биткоин берзи

Кинеските власти водат разговори со водечките биткоин берзи

chbitkon 00

Кинеската централна банка одржува средби зад затворени врати со неколку берзи за тргување со дигиталната валута биткоин, соопштува „Bloomberg“, повикувајќи се на свои анонимни извори. Така се зголемуваат стравувањата дека регулаторите може да ја затегнат контролата над криптовалутата.

Претставниците на Народната банка ќе се состанат со претставниците на берзите за биткоин, а меѓу темите ќе биде перењето на пари.

Криптовалутата забележа остар пад во почетокот на годината по веста дека Кина може да ги заостри правилата за трговија со биткоин за да намалува одливот на капитал. Во јануари имаше проверки на берзите „OkCoin“, „Huobi“ и „BTCC“, откако минатата година криптовалутата поскапе со над 120%, бидејќи инвеститорите купуваа биткоини како заштита од девалвација на јуанот.

Кина има клучна улога на пазарот на биткоинот во последниве години, бидејќи Кинезите станаа водечки трејдери и т.н. „рудари на криптовалутата“. Нивниот интерес се должи на побарувачката на алтернативни средства, недостаток на такси при размена и ниската цена на струјата, потребата за компјутерите кои „вадат“ биткоин. Секаква зголемена контрола од страна на властите, сепак може да изврши притисок над пазарот на биткоин во Кина.

Трите најголеми берзи на биткоин во Кина воведоа плаќање на трансакција од 0,2%, за да ги спречат шпекулациите и големите флуктуации во цените.

Од почетокот на февруари биткоинот поскапе за 11%.

chbitkon 01

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП