21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИндексите на Волстрит забележаа благ раст

Индексите на Волстрит забележаа благ раст

volstrit-bik

Берзанските индекси на Волстрит во вторник благо пораснаа, благодарејќи на добрите квартални деловни резултати на повеќето компании, но растот бил ограничен заради падот на цената на нафтата, што го притисна енергетскиот сектор.

Dow Jones индексот зајакна 0,19 отсто, на 20.090 бодови, додека S&P 500 порасна незначително на 2.293 поени, а Nasdaq 0,19 отсто на рекордни 5.674 бодови.

Рекордната вредност на Nasdaq индексот е благодарение на растот на цените на акциите на Apple и Alphabet.

Поддршка на пазарот пружија и деловните резултати на компаниите.

Повеќе од половината компании, чии акции се класифицирани во системот на S&P 500 индексот, ги објавија извештаите, при што околу две третини објавија подобри резултати во четвртото тромесечје минатата година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП