20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСе зголемува извозот од САД во Кина

Се зголемува извозот од САД во Кина

izvoz1

Извозот од САД во Кина е зголемен во текот на минатата година за 6,5 проценти, така што кинескиот пазар стана третиот по големина во однос на пласманот на американската стока.

Како што пренесува АФП, во извештајот на американско-кинескиот економски совет, се наведува дека трговскиот однос меѓу САД и Кина ја зајакнува американската економија и допринесува да се обезбеди отварање на добро платени работи места во целата земја.

Извозот од САД во Кина достигна 109 милијарди долари во 2012 година, без оглед на забавување на економскиот раст во Кина.

„Многу американски компании се заинтересирани за извоз на кинескиот пазар, особено сега кога побарувачката во Европа се намалува“, се додава во соопштението.

Меѓутоа, извозот од Кина во САД е намален за десет проценти од 2000 година, на седум проценти во 2012 година. Кинеските власти имаат за цел до 2015 година извозот да биде вратен на нивото од 2000 година. Трговскиот дефицит на Кина во март изнесуваше околу 884 милиони долари. Извозот е забавен поради намалувањето на побарувачката за кинеската стока на клучните пазари во Европа и САД.

Најголемиот извозен пазар за САД се Канада и Мексико, а Кина е на третото место. Трговскиот дефицит на САД во почетокот на годината е зголемен од 38,1 милијарди долари, на 44,4 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП