18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОд утре престанува мерката за бесплатен превоз во Скопје

Од утре престанува мерката за бесплатен превоз во Скопје

jsp-avtobus333

Во согласност со податоците од Министерството за животна средина и просторно планирање, коешто е надлежно за следење на квалитетот на воздухот, среднодневните концентрации на ПМ10 се под дефинираниот праг и епизодата од десет последователни дена е прекината.

Поради тоа, од утре се укинуваат воведените мерки за бесплатен превоз за сите граѓани и слободувањето од работа за вработените во Град Скопје и во јавните градски претпријатија над 60-годишна возраст со хронични заболувања, како и бремените жени.

Градот Скопје ќе продолжи интензивна контрола на градилиштата, односно возилата што излегуваат од градилиштата мора да имаат измиени тркала и да се покриени со церади заради контрола на прашината.

Ќе продолжи и интензивното миење на градските улици и булевари што се во надлежност на Град Скопје.

Градот Скопје ќе го продолжи интензивниот инспекциски надзор над инсталациите што се во негова надлежност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП