5 јули, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПродажбата на нови автомобили бележи раст во Велика Британија

Продажбата на нови автомобили бележи раст во Велика Британија

new cars uk

Продажбата на нови автомобили во Велика Британија скокнала во јануари на 12 годишниот максимум, покрај загриженоста заради последиците на Brexit, покажаа податоците од тој сектор.

Продажбата на нови автомобили минатиот месец пораснала на речиси 174,56 илјади возила во споредба со јануари минатата година, се наведува во соопштението на британското Здружение на производители на моторни возила и продавачи.

Ова е највисока месечна цифра од јануари 2005 година, наведува AFP, додавајќи дека во декември минатата година продажбата паднала 1,1 отсто.

Најпродаван автомобил во јануари е „форд фиеста“, по кој следува „голф“, потоа „форд фокус“, а „мерцедес бенз“ од Ц класата е на четврто место.

Многу аналитичари и стручњаци стравуваат од овогодишното забавување на економските активности, бидејќи кон крајот на март Велика Британија би требало да ја започне процедурата за излез од Европската унија(ЕУ)

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП