10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБез промени кај цените на нафтата

Без промени кај цените на нафтата

nafta-pafta

Цените на нафтата во вторник не се менуваа на меѓународните берзи, бидејќи намаленото снабдување од Организацијата на земји извознички на нафта(ОПЕК) го придуши влијанието врз засиленото американско производство.

На лондонскиот пазар цената на барел остана речиси непроменета во однос на претходното затворање и изнесуваше 55,62 УСД.

Позначителни промени во цената немаше ниту на американскиот пазар, каде што барел се тргуваше по цена од 52,91 УСД.

Пазарите беа под притисок од податокот за континуираниот раст на бројот на бушотини во САД, што навестува и поголемо производство.

Токму зголемувањето на производството на нафта од шкрилци во САД пред три години ги спушти цените на нафтата на меѓународните пазари под 30 долари за барел.

ОПЕК објави дека цената на барелот на референтната кошничка на неговата нафта во понеделник изнесуваше 53,77 УСД, што значи дека паднала 47 центи во однос на претходниот трговски ден.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП