15 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОУ Димитар Македонски ќе добие нова училишна зграда

ОУ Димитар Македонски ќе добие нова училишна зграда

dmakedonski33

Објавен тендер за изградба на целосно нов објект на основното училиште „Димитар Македонски“ во населбата Лисиче, кое е едно од најстарите училишта во Општина Аеродром и е сместено во монтажен објект подигнат уште во далечната 1964 година, по земјотресот во Скопје.

Во училиштето учат околу 600 ученици, а со изградбата на новата зграда ќе се овозможат услови за две смени од по 350 ученици.

Училиштето ќе почне да се гради во текот на мај годинава.

Инаку, објектот ќе биде со површина од 2.840 квадратни метри, за 700 ученици, односно по 350 во една смена. Од денот кога ќе почнат активностите, работите се очекува да бидат завршени за една година што значи, од септември 2018 година учениците ќе посетуваат настава во нов објект.

Вредноста на инвестицијата е 1,2 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП