Водечките индекси на европските берзи во вторник пораснаа при внимателно тргување, благодарејќи на растот на цените на акциите во рударскиот, здравствениот и индустрискиот сектор.
Лондонски FTSE индексот зајакна 0,2 отсто, на 7.186 бодови, а франкфуртски DAX 0,34 отсто на 11.549 поени. Париски CAC ослабе 0,49 отсто на 4.754 бодови.
Најмногу во просек од 0,9 отсто зајакна рударскиот сектор, благодарејќи на растот на цените на индустриските и скапоцените метали.
Во добивка беа и акциите во здравствениот и индустрискиот сектор.