27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФранција се опоравува од нападите, туристите се враќаат

Франција се опоравува од нападите, туристите се враќаат

597677210589a062688471007220315_w640

Францускиот туризам закрепна на крајот на 2016 година, по две тешки години кои ги обележа серијата терористички напади на џихадистите.

Бројот на ноќевања порасна за 3,9 проценти во последните три месеци од 2016 година, во однос на истиот период претходната година, достигнувајќи 56,3 милиони ноќевања, се наведува во соопштението на Агенцијата за статистика INSEE, пренесува агенцијата Франс прес.

„Ова силно закрепнување врши повеќе од компензација на силниот пад регистиран претходната година, до кој дојде под влијание на нападите“, оцени агенцијата.

Терористичкиот напад на војната патрола пред музејот Лувр минатиот петок, би можел да го загрози тоа закрепнување, наведува Франс прес.

INSEE објави дека најзначаен пресврт во поглед на посетите на туристите е регистриран кај луксузните хотели, каде бројот на ноќевања порасна за 9,0 проценти во последниот лански квартал во однос на истиот период една година претходно.

Интересно е дека градовите во внатрешноста водат пред Париз, кој и понатака закрепнува од координираните удари на исламската држава на различни локации ширум градот на 13 ноември 2015 година.

Франција ја посетиле околу 85 милиони странски туристи во 2015 година. Вкупните податоци за 2016 сеуште не се објавени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП