22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрговскиот дефицит на САД расте во 2016-та до највисокото ниво од 2012-та

Трговскиот дефицит на САД расте во 2016-та до највисокото ниво од 2012-та

trgosad33

Трговскиот дефицит на САД се зголеми во 2016-та година до највисокото ниво од 2012-та година, бидејќи извозот се намалува повеќе од увозот, соопштува „Ројтерс“. Намалувањето на дефицитот во декември меѓутоа сигнализира дека побарувачката на американски стоки во странство се стабилизира.

За целата минатата година дефицитот се зголемува за 0,4 отсто до 502,3 милијарди долари. Расте трговскиот дефицит со Мексико, а овој со Кина се намалува, покажуваат податоците на Министерството за трговија.

Дефицитот во декември се намалува за 3,2% до 44,3 милијарди долари. Просечните очекувања во анкетата на „Bloomberg“ беа за дефицит во износ од 45 милијарди долари во последниот месец од годината.

Од една страна, повисокиот годишен дефицит одразува загриженоста на Доналд Трамп дека други држави извлекуваат корист за сметка на САД, што се однесува до работни места и индустрија. Од друга страна, сепак, подобрувањето на економија го прави тешко намалувањето на дефицитот со истото темпо со кое потрошувачката го поттикнуваат увозот.

Во декември се забележува најсилниот месечен раст на извозот од пред четири години – со 2,7% до 190,7 милијарди долари. Увозот од своја страна расте побрзо од јуни – со 1,5% до 235 милијарди долари главно поради купувањето на автомобили и материјали за индустријата.

За целата 2016-та година извозот се намалува за 2,3 отсто, а увозот оствари пад од 1,8%.

Нето извозот брише 1,7 процентни поени од бруто домашниот производ (БДП) на САД, што е најмногу од вториот квартал на 2010-та година. Поголемиот дефицит во четвртиот квартал до одреден степен може да се објасни со основа за споредба од третиот квартал. Тогаш имаше скок во извозот на соја од САД, наведува „Bloomberg“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП