18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПрекин на позитивниот тренд на МБИ10

Прекин на позитивниот тренд на МБИ10

mk berzat99

Тргувањето во вторникот на Македонската берза заврши со пад на индексот МБИ10 од 0,47 отсто, прекинувајќи ја позитивната серија.

И покрај тоа што прометот на вчерашното тргување беше релативно скромен, односно 10,8 милиони денари, поголем дел од хартиите со коишто се тргуваше во вторникот беа во пад, поточно 7 од вкупно 17 хартии од вредност.

Најмногу се тргуваше со акциите на Комерцијална банка, Охридска банка и Оилко, кои беа и единствени хартии со промет поголем од милион денари.

Добитник на денот дефинитивно беше акцијата на РЖ Услуги каде со истргувано количество од 230 акции, цената на акцијата порасна за 9,78 отсто, а по неа следеа приоритетените акции на Стопанска Банка Скопје со раст од 7,69 отсто

Прва на листата на губитници се најде акцијата на Макпетрол со 14 акции, при што цената падна за дополнителни 1,32 отсто, а по неа се најдоа акциите на Гранит, Макстил…

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП