6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКинеските девизни резерви првпат по шест години под 3.000 млрд долари

Кинеските девизни резерви првпат по шест години под 3.000 млрд долари

kina-pari

Кинеските девизни резерви во јануари се лизнале под 3.000 милијарди американски долари, првпат по речиси шест години, иако построгиот надзор од страна на регулаторите судејки според сé го закочил одливот на капиталот од официјално втората светска економија.

Во јануари годинава кинеските девизни резерви се намалиле за 12,3 милијарди долари, на 2.998 милијарди долари. Иако Кина не ја означува сумата од 3.000 милијарди долари како плафон чиешто пробивање би значело и алармирање, загрижува острото намалување на девизните резерви, што претставава инструмент за одбрана на курсот на националната валута јуанот.

Јануарскиот пад, притоа, бил значително помал од оној во декември кога кинеските девизни резерви беа намалени за 41 милијарда долари. Најмал е, исто така, и во последните седум години, што покажува на обновените мерки за контрола на одливот на капиталот кои, според сé судејќи, даваат резултат, барем засега, забележуваат аналитичарите на Reuters.

Официјален Пекинг го минимизираше значењето на падот на девизните резерви под нивото од 3.000 милијарди долари, и тоа би можело да ги поткрепи неговите тврдења дека смислено не спроведуваат девалвација на својата валута, во очекувањето на објавувањето на полугодишниот извештај на американското министерство за финансии за валутните манипулации, коешто се очекува во април.

Новиот американски претседател Доналд Трамп во последно време сé поостро ја обвинува Кина дека курсот на јуанот го држи нереално на ниско ниво, иако Кина во последните неколку месец презема низа мерки за да го отежне одливот на парите од земјата и да го заузди слабеењето на националната валута.

Кинеските девизни резерви сé уште се убедливи највисоките на светот, при што Пекинг од август 2015 година, кога неочекувано ја девалвираше својата валута, потроши 500 милијарди долари за да го запре натамошното слабеење на јуанот. Минатата година кинеската валута ослабе за 6,6 отсто во однос на американскиот долар, што претставува највисока вредност од 1994 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП