18 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПутин го ратификуваше договорот со Турција за гасоводот Турски тек

Путин го ратификуваше договорот со Турција за гасоводот Турски тек

vladimir-putin-11-630x438_20144418105

Рускиот претседател Владимир Путин го потпиша во понеделникот законот за ратификација на договорот за изградба на гасоводот Турски тек, објави интернет страницата на руската влада.

Договорот за проектот за овој гасовод беше потпишан во Истанбул на 10-ти октомври 2016 година. Руската државна Дума го ратификуваше договорот на 20-ти јануари, а горниот дом, Советот на Федерацијата на 1-ви февруари.

Како што претходно истакна портпаролот на рускиот кабинет на министри за ова прашање, државниот секретар и заменик министер за енергетика Јуриј Сентјурин, договорот „предвидува создавање поволна нормативно-правна рамка, вклучително и даночните и царинските односи, проектирање, градење и последователната експлоатација на гасоводот“.

Сентјурин истакна дека гасоводот Турски тек е наменет за испорака на руски природен гас за Турција, како и „за осигурување на исполнувањето на руските обврски за испорака на гас во земјите членки на Европската унија“ по 2019 година“. Притоа, Сентјурин истакна дека новиот гасовод нема да овозможи откажување од транзитот на енергенсот преку Украина, на што изразува загриженост Брисел, туку „ќе овозможи да се намалат значително ризиците поврзани со тоа“.

Договорот предвидува изградба на две линии од магистралниот гасовод по дното на Црното Море со капацитет од над 15 милијарди кубни метри гас секоја, кои би требало да бидат завршени во декември 2019 година. Инаку „Газпром“ претходно во септември лани објави дека веќе ги добил потребните дозволи од Турција за изведување на проектот.

Се претпоставува дека испораките на природен гас преку првиот цевковод ќе бидат наменети за потребите на турските потрошувачи, додека вториот е наменет за европскиот пазар, а неговото градење ќе биде овозможено откако ќе се добијат сите соодветни гаранции од Европската унија, за што неколкупати досега истакнаа од Москва.

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган Ердоган на почетокот од август 2016-та по вторпат за неполн месец се сретна со рускиот колега Владимир Путин во Санкт Петербург, три седмици по неуспешниот обид за воен преврат во Турција од 15-ти јули, со што дефинитивно беше надмината длабоката дипломатска криза меѓу двете земји предизвикана од турското уривање на рускиот бомбардер и на тој економски форум, Ердоган тогаш вети дека проектот Турски тек ќе биде реализиран „што е поскоро можно“.

Москва на крајот од 2014 година го стави настрана и проектот Јужен тек, кој исто така требаше да ја снабдува јужна Европа со руски гас заобиколувајќи ја Украина, како резултат на трите ткн „гасни“ војни последната деценија со Киев, поради постојаните забелешки на Европската комисија дека со него се кршеле правилата за конкурентноста и со Анкара го договори проектот Турски тек.

Проектот предвидува изградба на гасовод преку Црното Море до европскиот дел на Турција и натаму кон границата со Грција. Должината на поморскиот дел од проектот е околу 910 километри, а копнениот по турската територија изнесува 180 километри. Капацитетот на секој од четирите цевководи е планирано да биде 15,75 милијарди кубни метри гас, а вкупната вредност се проценува на 11,4 милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП